Катица Јанева (СЈО) утрово со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, започна претрес на 15 компании на бизнисменот Орце (Јордан) Камчев

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 9:41

СЈО влезе и во фирмите на Орце Камчев

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Обвинители од Специјалното јавно обвинителство утринава во 6 часот влегле во сите фирми на бизнисменот Орце (Јордан) Камчев.

Веста ја потврдија и од СЈО.

СЈО врши претрес во седиштето на „Орка холдинг“ и во други фирми надвор од Скопје, врз основа на судска наредба.

Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, велат неофицијално од СЈО, но не кажуваат за какви сомневања станува збор, односно какви кривични дела истражуваат со инспекторите од организиран криминал од МВР.

Нема информации во моментов додека трае претресот ни дали се врши заплена, а ни дали е некој уапсен.

На 29 август 2016 Камчев беше на распит во СЈО, но Обвинителството тогаш не кажа во кое својство и за кој случај е повикан.

Бугарија на 13 април годинава побара согласност од македонското Министерство за надворешни работи да го именува Камчев за функцијата почесен конзул на Република Бугарија со седиште во Штип, но Владата уште не ја донела таа одлука.

Според биографијата приложена во МНР, Камчев е сопственик и акционер во повеќе компании: КБ Аџибадем Систина, Аџибадем Сити Клиник во Бугарија, ЗК Пелагонија, Пелагонија Енерџи, Стопанска банка Битола, Жито Полог а.д. Тетово, Млекара Здравје Радово, Систина Нефроплус, Бетон-Штип а.д. Штип, Хотел Мериот, Хотел Ибис, Монт, Кара АД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести