Кога Јанакиески организира дијаспората да гласа е кривично дело, кога Меџити организира чартер летови за албанците од Италија, тоа е остварување на демократкото право на глас

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 8:40

СЈО остана слепо за чартерите и автобусите на ДУИ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Специјалното Јавно Обвинителство кое требаше да гони криминал произлезен од прислушкуваните разговори, се претвори во инструмент за политички прогон на неистомиениците на власта, во исто време прогледувајќи низ прсти за злоупотребите на владејачката коалиција.

На мета на СЈО е бившата власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ, обвиненија имаат скоро сите челници на тогашната власт, но не и функционерите на ДУИ.

Провладините медиуми известија дека поранешниот министер Миле Јанакиески договарал иселеници за да дојдат во Македонија се со цел да го остварат своето право на глас. Тоа според нив е злоупотреба на избирачкиот процес.

Оттука се поставува прашањето како СЈО го видело овој “криминал” кај Јанакиески а не го има видено кај поранешниот градоначалник Изет Меџити?

Во ноември 2012 година во посета на Мецарето, Италија, Меџити, тогашен градоначалник вети дека ќе ги донесе сите Албанци во Македонија да бидат дел од големата победа.

Сите ние треба да се ангажираме од март 2013 година и Кичево да биде дел од општините кои се менаџираат од Албанци. Потребата и вие да гласате на овие избори е многу голема и вие да бидете дел од победата на албанско Кичево. – рече тогаш Изет Меџити.

Тогаш медиумите пишуваа дека ДУИ за овие потреби има ангажирано околу 30 чартер летови само за албанците да гласаат на тогашните локални избори. Неверојатно е дека ниту еден функционер на ДУИ не кренал телефон да ја организира целата оваа операција, а СЈО да ги нема слушнато тие разговори.

Меџити е само еден од примерите на двојните стандарди на СЈО. Постојат десетици примери на принуда, нелегално финансирање, измами од страна на ДУИ за кои СЈО се прават слепи при очи.

Оттука најголично се поставува прашањето зошто СЈО замижува на очигледниот криминал на ДУИ што се спроведувал и што се спроведува во изминатава деценија? Но она што јавноста постојано прашува е дали на овој начин СЈО сака по секоја цена да ја заштити коалицијата на СДСМ со ДУИ прикривајќи го криминалот е одговор што треба да го дадат Катица, Ленче и Фатиме.

ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ како коалиција беа на власт од 2008-до 2016 година, според акциите на СЈО, ДУИ се чесниот елемент во власта кој нема извршено ниту едно кривично дело.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.