Јанева и за основано сомнение за сторено кривично дело пред скоро 20 години инсистира на времена мерка притвор за 2 лица во незаконската истрага за "Поштенска банка"

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 7:01

СЈО преку кривичниот совет ќе бара 30 дневен притвор за “Поштенска банка”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Јанева откако отвори уште една истражна постапка, со што повторно направи незаконско дело, сега инсистира на притвор на осомничени по секоја цена.

Специјалното јавно обвинителство поднесе жалба до кривичниот совет бидејќи како што велат не се согласуваат со донесената одлука да не бидат приведени осомничените во новоотворениот предмет под кодното име “Поштенска банка”.

СЈО бара 30 дневен притвор за Ратко Димитровски и Томе Главчев кои се првобвинети во случајот.

Судија на претходна постапка одлучи на првиот генерален директор на Поштенска банка, Смилевски да му го одземе пасошот, додека нему и останатите двајца, Димитровски и Главчев, ги обврза да се јавуваат во суд за да докажат дека ќе бидат присутни во земјава.

Како што објави СЈО во новата истрага “Поштенска банка” опфатени се деветмина, кои според СЈО, од 2001 до 2010, прибавена имотна корист од 5 милиони евра за приватни фирми, преку финансиски проневери во Поштенска банка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.