Утринава колегите и пријатели на Диџеј Ицко  почнаа да објавуваат фотографии и пораки со кои се простуваат од диџејот и љубител на музиката. Тој почина на 48 години. Подолго време боледувал од Ковид-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јуни, 2020 10:25

ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот Диџеј Ицко- не успеа да го победи коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©Женски Магазин

Тажна вест ја потресе Македонија, откако утрово колегите и најблиските објавија фотографија од Диџеј Ицко од „Антена 5 Македонија“  , кој се борел со коронавирусот но не успеал да ја победи битката, објави Женски Магазин.

Утринава колегите и пријатели на Диџеј Ицко  почнаа да објавуваат фотографии и пораки со кои се простуваат од диџејот и љубител на музиката. Тој почина на 48 години. Подолго време боледувал од Ковид-19.

Диџеј Ицко на клупската сцена во Македонија ѝ е познат веќе повеќе 15 години.  Прогресивната музика е основен елемент на неговите миксови во комбинација со електро и вокални елементи кои прават интересна фузија и вистинско задоволство на „хаус“ музика,.

Веќе 10 години беше дел од најголемата радио станица во Македониа. Се смета за легенда одговорна во најголем дел од развојот на електронската сцена во Македонија на највисоко ниво, а неговите емисии на радио се добро познати и надвор од Македонија. 

Покрај диџејството, тој беше и фамилијарен човек, сопруг и татко на две деца.

Ќе фалат неговите забави, миксови.. нека почива во мир!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.