Поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски вели дека Законот за референдум мора да претрпи измени, бидејќи не е усогласен со Изборниот законик.

Објавил: admin@magazin | 23 јуни, 2018 19:42

Талал Џафери: Референдумот ќе се распише до 20 Јули 2018

Фото/Текст извор: ©ТВ ТЕЛМА

Доколку Владата донесе одлука до крајот на септември да се одржи Референдум на државно ниво, таа треба прво да поднесе иницијатива до Собранието и преку Министерството за правда да го формулира референдумското прашање. Техничките подготовки ќе почнат дури откако Собранието ќе донесе заклучок за одржување референдум, според очекувањата на спикерот Талат Џафери, некаде во втората половина на Јули.

Поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски смета дека иницијативата може да ја поднесат и група пратеници, но тоа треба да се случи веќе наредната недела.

Референдумот е уставна категорија регулирана со членот 73 од Уставот на Република Македонија. Референдум може да се распише по претходно гласање на мнозинството парламентарци или пак Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.
Формите на референдум се уредени со Уставот, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните од 2005 како и Законот за локална самоуправа од 2002.

»Поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски тврди дека Законот за референдум мора да претрпи измени, бидејќи не е усогласен со Изборниот законик«

Додека Џафери вели дека, ако е потребно, Собранието може да стигне да ја измени референдумската регулатива.

Според Џафери, изборот на новиот состав на ДИК може да биде веќе наредната недела.

Доколку Комисијата за избори и именувања се состане на време, на седницата во вторник може да се стави точката за избор на седумте члена на ДИК: четворица по предлог на владеачките партии, тројца по предлог на опозициските, од чии редови ќе биде и претседателот на Комисијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.