Моменти на искреност на Талат Џафери

Објавил: Узунов Бобан | 5 февруари, 2019 10:30

Талат: На Груевски му ја одзедовме платата незаконски

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното издание на дебатниот магазин на ТВ21 „Click Plus“ рече дека на пленарната седница кога се стопираше пратеничката плата на Никола Груевски гласал воздржано бидејќи сметал дека не се во целост почитувани законските процедури, пренесува ТВ 21. 

 

Со последните измени на Законот за собрание на Груевски му беше одземено правото на плата иако тој формално правно сеуште е пратеник. Опозцијата апелираше дека ваквите законски одредби се противуставни затоа што секој вработен има право на примања.

Џафери смета дека доколку Груевски ангажира адвокат во врска со донесената одлука за стопирање на неговата пратеничка плата, може да го добие спорот и да се ги врати парите и тоа со камата.

Екс премиерот и пратеник Никола Груевски, сега азилант се наоѓа во Будимпешта, Унгарија каде побара политички азил, а како што изјави во ТВ интервју не се пријавил во затворот во Шутка бидејќи имал најава дека ќе биде лиkвидиpaн, по како што вели во последен момент ја променил одлуката и се вдал во бегство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.