Талат Џафери: не прифаѓам диктат од министерката Дескоска за работата на Собранието!

Објавил: Данаил Михајловски | 29 март, 2019 9:12

Талат ја искара Рената Дескоска за законот за СЈО: нема министерката да ја диктира работата на Собранието!

Фото/Текст извор: ©магазин

“Јас не знам какви се размислувањата на претседателот Талат Џафери, но ако партиите се договороат за законот за СЈО, седница на Собранието мора да има“, изјави вчера министерката за правда Дескоска. Оваа нејзина изјава дојде како реакција на ставот на собранискиот спикер Талат Џафери дека и да се договорат партиите за СЈО деновиве, тој нема да закаже седница за гласање на закон во време на изборна кампања, туку тоа ќе го направи по завршувањето на претседателските избори, бидејќи не сака седницата да се претвори во изборна кампања.

Лут на ваквата дрскост на министерката за правда, чија изјава може да се смета како грубо мешање на извршната во законодавната власт, спикерот Џафери, касно вчера пред полноќ, со невообичаено остра реакција ја искара министерката Дескоска преку својот фејсбук профил: “Собранието на Република Северна Македонија работи согласно Деловникот, а не врз основа на диктат, а уште помалку според одредени индивидуални претензии, па дури тие да се и на еден министер, било кој и да е“, напиша Талат Џафери!

За прв пат се случува еден министер за правда, како претставник на извршната власт, да му наредува на Собранието кога мора да се одржи седница за одреден закон. Инаку од 1991г. до денес Собранието на Македонија никогаш не држело седници за време на изборна кампања, принцип кој согласно Деловникот, бил почитуван од сите претседатели на законодавниот дом.

Инаку според досегашната пракса и Деловничките правила никогаш не се случило Собранието на Република Македонија да заседава за време на изборна кампања, без разлика дали се случувале локални, парламентарни или претседателски избори. Исклучок да има собраниски седници во тек на изборна кампања може да биде само при постоењето на воена или вонредна состојба во државата, што за среќа не е случај.

По однос на законот за обвинителство, вчера повторно се одржа средба на работните групи на власта и опозицијата, предводени од министерката Дескоска (СДСМ) и пратеникот Милошоски (ВМРО-ДПМНЕ), која заврши без приближување на ставовите. Министерката Дескоска потенцираше дека за нив најбитен е статусот на СЈО во системот на обвинителството, додека пратеникот Милошоски изјави дека тие се залагаат за подигање на буџетот, платите и ресурсите на целото јавно обвинителство, без некои обвинители да бидат привилегирани, а другите обвинителства да бидат деградирани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.