Бехтел и Енка“ ќе гради четири делници од коридорите 8 и 10д – Гостивар-Букојчани, Тетово-Гостивар и Требешништа-Струга-Ќафасан Прилеп-Битола, за 1,3 милијарди евра и треба да бидат готови за помалку од 5 години.

Објавил: Македонка Димкин | 14 септември, 2023 19:38

Таман го пуштија автопатот Кичево- Охрид се фатија веднаш за работа!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Во моментов се одвиваат саеми за работа и во Тетово и во Гостивар и во Прилеп и во Битола. Само што разговарав со проект менаџерот дека досега имаат 360 сивија што ги разгледуваат од наши сограѓани од сите различни профили.

И тоа е малку, бидејќи она што во моментов најмалку му треба на конзорциумот се 2.000 работници“, изјави премиерот Димитар Ковачевски Таче

Според него саемите за вработување треба да бидат поттик за сите наши со граѓани, без оглед на возраста, сите оние што се работоспособни и кои сакаат да работат на овој проект.

„Бехтел и Енка“ ќе гради четири делници од коридорите 8 и 10д – Гостивар-Букојчани, Тетово-Гостивар и Требешништа-Струга-Ќафасан Прилеп-Битола, за 1,3 милијарди евра и треба да бидат готови за помалку од 5 години.

На „Бехтел и Енка“ досега им се исплатени две транши, од 117 милиони евра и од 53 милиони евра согласно Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, со која за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.