Поранешниот омилен министер на Заев, Таравари, потсети дека нивните амандмани се во согласност со Охридскиот рамковен договор но и Тиранската платфора која Заев ја поддржал

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 8:40

Таравари дециден, прифаќање нови амандмани или апстиненција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Алијансата на Албанците нема да ја условува поддршката за уставните амандмани за Договорот со Грција, туку ќе се обидат да ги убедат пратениците да ги поддржат и нивните амандмани за албанските прашања.

Изјави Арбен Таравари од Алијансата на Албанците, кој посочи дека се служи со речникот на премиерот Заев, кој во петокот на 19 октомври, на нападите за уцени, закани и откуп на пратенички гласови, одговори дека тоа се нарекува оптимизам за 2/3 мнозинство за поддршка за уставни измени.

Имаме убава прилика да затвориме одредени прашања и да продолжиме со европската агенда. Ние би интервенирале со нашите амандмани што би се однесувале на две работи. Првата е во Преамбулата, како што беше во Охридскиот рамковен договор, ништо повеќе и за употребата на албанскиот јазик да не биде поинаков од македонскиот јазик кој е 20 отсто, туку да стои македонски и албански јазик. Повторно во духот на Охридскиот договор и Декларацијата (Тиранската платформа) потпишана пред една година од политичките партии. –  рече Таравари.

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците додаде дека Алијансата никогаш не условувала, но потенцираше дека ова е моментот кога мислат дека нивните три пратеници можат да ги убедат своите колеги во Парламентот да се направат одредени промени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.