Таравари вели дека Владата на СДСМ не успешно се справува со кризата, односно пандемијата со коронавирусот напоменувајќи дека вчера во нашата држава има 175 нови случаи на коронавирусот имајќи во предвид дека на целиот Балкан вкупно државите немаат олкава бројка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јуни, 2020 10:21

Таравари: Македонија има поголем морталитет од коронавирус од 5 соседни држави заедно

Фото/Текст извор: ©инфомакс

Во интервју за Инфомакс, Арбен Таравари вели дека власта лошо се справува со кризата од коронавирусот. Тој споредува со соседните држави и вели дека ако се земат предвид соседните држави, и ако се гледа индексот на морталитет на 100 илјади граѓани, само Македонија е пред заедно да ги ставиме Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Косово и Грција. Сите овие 5 држави имаат помал морталитет отколку само Македонија.

Арбен Таравари (7 април 1973 во Гостивар) — македонски лекар и поранешен министер за здравство во владата од 2017. Средно медицинско училиште завршил во „Панче Караѓозов“ во Скопје, а дипломирал на медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998. Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест. Во 2016 бил претседател на одделот на екстрапирамидални болести при универзитетската клиника за неврологија, а бил член на одборот на меѓународните медицински списанија „Медикус“ и „Vox Medici“. Таравари е оженет и е татко на две деца. Говори албански, македонски, турски, англиски, и српски јазик.
На локалните избори во 2017 година Таравари станал градоначалник на Општина Гостивар, победувајќи го својот против-кандидат од редовите на ДУИ Невзат Бејта.

Таравари вели дека Владата на СДСМ не успешно се справува со кризата, односно пандемијата со коронавирусот напоменувајќи дека вчера во нашата држава има 175 нови случаи на коронавирусот имајќи во предвид дека на целиот Балкан вкупно државите немаат олкава бројка. Тој посочува дека воедно ова не е само негов став туку и на меѓународни релевантни институции кои вршат анализи како државите поединечно се справуваат со кризата.

Не може да се каже дека граѓаните се криви, додава тој, за коронавирусот не знаеа ниту лекарите, не може да се очекува дека тоа ќе го знаат граѓаните, државата е таа која треба да ги едуцира граѓаните.

-Јас ќе се повикам на повеќе меѓународни релевантни институции кои што прават испитувања за тоа како е менаџирана во различни земји кризата или пандемијата со Ковид 19. И ако видите во сите без исклучок има три четири кои што јас сум ги прочитал во сите ние се броиме меѓу најскандалозни, најслабо менаџираните држави. Последната беше не се сеќавам точно на агенцијата на четири нивоа беа градирани сите држави како менаџирале, прва беше Швајцарија се сеќавам и нашите соседни земји беа рангирани во второто или третото ниво. Македонија беше во четврото ниво ако не се лажам на 130 место од вкупно 150 држави. Сакам да кажам ете не велам јас, така велат институции кои што земаат одредени објективни параметри и според тоа го прават рангирањето на државите, вели Таравари за ИНФОМАКС.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.