Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кој истакна дека пораката на маршот е да не повторат претходните грабежи и криминали кои се случуваат во последните 18 години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2020 22:11

Таравари за ТВ21: Преговараме со сите партии за Влада, освен со ДУИ

Фото/Текст извор: ©Тв21

Денеска во Скопје се одржа протестниот марш од страна на коалицијата Алијанса-Алтернатива во знак на револт за изборниот ден и пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори.

Во живо во вестите на ТВ21 се вклучи и генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кој истакна дека пораката на маршот е да не повторат претходните грабежи и криминали кои се случуваат во последните 18 години.

На прашањето од новинарот на ТВ21, дали е можна коалиција со СДСМ и Беса, Таравари посочи дека се е можно.

„Се е можно, но многу тешко и скоро невозможно е да се направи коалиција со ДУИ, тоа е најтешко и не верувам да биде, меѓутоа повторно одлучуваат органите на партијата“, посочи Таравари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести