Пред точно еден месец во тешка сообраќајна несреќа настрадаа музичарот Мирсад Кериќ и српскиот пејач Шабан Шаулиќ, и по тој повод синот од Мирсад, Денис напиша емотивна порака на Фејсбук.
Мирсад Кериќ бил голем пријател на Шабан Шаулиќ 17 години, а потоа во Германија се случи тешка сообраќајна несреќа, во која двајцата ги изгубија своите животи.
Од тешката сообраќајна несреќа која се случи пред еден месец, семејството Кериќ никако не може да ја победи болката за изгубениот татко, сопруг и син.
Синот од Мирсад Кериќ на својот Фејсбук профил напиша емотивна порака, која ќе ви го стопи срцето:
„Тато денеска е месец дена од кога те нема.. Недостигаш. Но, ти засекогаш ќе останеш во нашите срца. Ти беше најдобар татко во светот„, напиша неговиот син Денис.
Мирсад и Шабан ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа во Германија, која пијан возач удрил во нивното возило.
Несреќата се случила на автопат помеѓу Билефелд и Дортмунд. До стравичната сообраќајката дошло по концертот на Шаулиќ во Билефелд кога одел за на аеродром, а пејачот бил веднаш пренесен во болница, каде што за жал и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.
Додека пак клавијатуристот Мирсад Кериќ почина само после неколку денови од сообраќајката.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.