Во политиката и дипломатијата очигледно е се дозволено, особено "пазарењето", така Косово нуди амбасада во Ерусалим за возвратно признавање на независноста од Израел

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 6:40

Тачи со нова идеја, амбасада на Косово во Ерусалим за признавање на Косово

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека би отворил косовска амбасада во Ерусалим во “замена” за израелското признавање на Косово, пренесе израелскиот весник “Ерусалим пост”.

Во вестите, пренесени и од други израелски медиуми, Ерусалим пост се повикува на приштинската агенција Косова прес, која наведе дека Тачи ова го кажал во интервјуто за телевизијата Визион плус во Албанија.

“Доколку Израел го признае Косово, јас би отворил косовска амбасада во Ерусалим.” – рече Тачи.

Косовскиот претседател додал дека во врска со одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим “Косово никогаш не би гласало против американските интереси”.

“Oдносите на Република Косово со САД се одлични. Се сретнав со претседателот Трамп и неговиот пристап кон нас е ист како и во случајот со претходниот претседател. Поддршката за иднината на Косово од САД е сто процентна.” – тврди Тачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.