Тасевски и е познат на македонската јавност од настаните на 27-ми април во Собранието на Македонија во кое пукаше и посочуваше со пиштол кон цивили

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 6:08

Телохранителот на Заев Тасевски можен нов директор на БЈБ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сашо Тасевски телохранителот на Зоран Заев најверојатно е изборот на Владата за нов директор на Бирото за јавна безбедност. Одлуката за негово назначување се очекува да помине на денешната владина седница.

Информацијата во јавноста ги пласираа партиски кадри на СДСМ кои се повикуваат на високи извори во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Тасевски до сега бил во кабинетите на претседателите на СДСМ и премиери на Влада на Македонија Бранко Црвенковски и Владо Бучковски.

Тасевски и е познат на јавноста како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот Заев кој извади пиштол и пукаше како предупредување за време на инцидентите во Собранието на 27-ми април 2017-та година.

Тој доаѓа на местото на Лазо Велковски кој беше сменет од функцијата по аферата со полицискиот џип кој беше виден во Грција и со кој наводно се возела ќерка му на одмор а немаше соодветен налог да ја докаже основаноста на патувањето.

Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001-ва година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски во одделот за странски делегации потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи “Тигар”. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД во 2004-тa година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.