Терористите од Диво Насеље од неделата штрајкуваат со глас подари лошите услови во затвореното одделение на истражниот затвор во Шутка, најавувајќи радикализација и судири

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 12:13

Терористите од Диво насеље протестираат со глад и најавуваат немири

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Незадоволни од третманот и условите во затворот во Шутка, еден дел од кумановската група обвинети во случајот „Диво насеље“,  од неделата започнале штрајк со глад.

Вал Зерај, еден од членовите на кумановската група во изјава испратена до Лајм ги посочил главните причини за започнување на штрајкот.

Главната причина е тоа што се игнорира нашето барање за префрлање од затворот Шутка во тој во Идризово. Ова е неправда.

Напаѓачите на Зијадин Села нема ни два месеци како се осудени, а нивното барање да бидат префрлени на отворен дел од затворот е прифатено, а нас ни го одбиваат таквото барање. И тие се осудени за тероризам, и ние сме осудени за тероризам. Зошто се прави ваква селективност. -прашува Зекај.

Поради студеното време и лошите услови, здравјето на дел од затворениците кои штрајкуваат почна брзо да се влошува, а во моментов во најлоша состојба е Шефќет Халаци.

И покрај ова, тие немаат намера да го прекинат штрајкот.

Ние не го прекинуваме штрајкот додека нашите барања не бидат исполнети. Од утре ќе го радикализираме, и ако е потребно, ќе почнеме и судири со чуварите и  затворската полиција. Живееме во нехумани услови. Хигиената е на најниско ниво.

Нема затополување, иако температурите паднаа под нулата. Храната не исполнува никакви стандарди. Храната што ни ја носат членовите на семејствотвата ја враќаат назад. Не разбирам каков затвор е овој, нема храна за да ни дадат, а ниту им дозволуваат на роднините да ни донесат. – вели Зекај.

Во моментот, уште девет членови од кумановската група се наоѓаат во затворот Шутка. Вал Зерак за весникот Лајм ја даде неговат верзија зошто нивното барање е одбиено.

Во август беше прифатено нашето барање за префрлање во Идризово , но со интервенција на Синиша и Мемет беше одбиено. Се плашат од нашето обединување во затвор, бидејќи на тој начин ќе се открие суштината на предавството во Куманово. – нагласува Зекај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.