„2020 година во многу сегмети беше една од најдобрите години за МВР, а во 2021 година имаме дури и подобри резултати од тогаш. За кратко време ќе биде објавен целиот извештај за работењето на МВР за 2021 година, но резултатите покажуваат опаѓање во делот на кривичните дела“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека вкупниот број на кривични дела во 2021 е помал од тој во 2020 година, а само на територијата на Град Скопје изминатата година биле уапсени 297 лица барани со потерници.

Објавил: Перо Милчин | 22 март, 2022 17:57

Спасовски се пофали дека во септември за 5 отсто ќе се покачат платите на сите вработени во МВР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Имаме предвидено покачување оваа година за 5 отсто на сите вработени во МВР. Тоа ќе биде од септември, а вработените кои се вработени по Законот за работни односи и имаат потреба од усогласување со минималната плата, тоа е веќе направено“ рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вестите на Канал 5.

Тој кажа дека доколку еден полицаец во 2012 година земал 19.355 денари плата, денес зема 22.787 денари, а со покачувањето во септември платата ќе му изнесува 23.883 денари.

„2020 година во многу сегмети беше една од најдобрите години за МВР, а во 2021 година имаме дури и подобри резултати од тогаш. За кратко време ќе биде објавен целиот извештај за работењето на МВР за 2021 година, но резултатите покажуваат опаѓање во делот на кривичните дела“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека вкупниот број на кривични дела во 2021 е помал од тој во 2020 година, а само на територијата на Град Скопје изминатата година биле уапсени 297 лица барани со потерници.

Исто така 50% од вработените во администрацијата ќе земаат минималец, а поради ниските примања во овој сектор во последната година и половина си заминале околу 5.000 работници.

Доколку не ги прифатат нивните барања за скалесто покачување на платите и донесување на измените на законот за административни службеници, од синдикатот најавија штрајк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести