Арифи која е и потпретседателка на ДУИ, само пред една недела ја отпушти сопругата на Хазби Лика од директорско во образование, велејки дека тоа било непотизам

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 9:47

Теута ја назначи својата сестра за заменик директорка на училиште

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалничката на општина Тетово, си ја именувала својата сестра за заменик директор на основно училиште.

Во некои училишта во градот Тетово деновиве имаше промени на раководните функции кои се под ингеренции на локалната самоуправа.

Во основното училиште „Истикбал” во Тетово, градоначалничката си ја именувала нејзината сестра, Кујтиме Беќири за заменик директор.

Пред неколку години, Теута Арифи од позицијата директор на средното медицинско училиште „Никола Штејн” ја отпушти сопругата на Хазби Лика, бидејќи тоа за неа беше непотизам, а денес таа ја назначи својата сестра на позицијата заменик директор.

Извори од основното училиште „Истикбал” во Тетово велат дека Кујтим Беќири, пред една година почнала со работа во ова училиште како библиотекарка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.