Шест пожарникари и едно возило на ТППЕ Струмица интервенирале на местото на несреќата, каде се превртило едно комби возило.

Објавил: Владо Марин | 8 јули, 2020 23:50

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ СТРУМИЦА: Се преврте комбе- полицијата ги извлекува повредените патници (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©Струмица денес

Тешка сообраќајка се случила вечерва околу 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица – Валанандово, пренесе локалниот портал „Струмица денес“.

Шест пожарникари и едно возило на ТППЕ Струмица интервенирале на местото на несреќата, каде се превртило едно комби возило.

Како што известува порталот, употребени се специјални хидраулични алатки за извлекување на повредените патници.

Полицијата врши увид на местото по што ќе се знаат повеќе детали.

Во Република Македонија, според статистиката, бројката на сообраќајки во целата држава се намалува.

Тешка сообраќајка се случила вечерва околу 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица – Валанандово“.

Па, така, во 2010 година вкупниот број на сообраќајни незгоди изнесувал 4.226, додека минатата година истиот број изнесувал 3.233 несреќи.
Во 2010 година во сообраќајни незгоди животот го загубиле 162 лица, а минатата година 147 лица. Се намалува и бројката на повредени лица, па, така, ако пред десет години таа изнесувала 6.375 лица, лани во сообраќајна незгода биле повредени 5.164 лица.

Според статистиката, во 2010 година 1.219 сообраќајни незгоди се случиле како последица на брзо возење, додека минатата година тој број бил речиси двојно помал, а изнесува 590 сообраќајки направени како последица на брзото дивеење по патиштата и улиците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...