Повредени четири лица

Објавил: admin@magazin | 6 јуни, 2018 13:28

Тешка сообраќајка на патот Македонска Каменица -Делчево

Фото/Текст извор: ©Мвр

На 06.06.2018 година вo 00:05 часот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево дошло до судир помеѓу патничко возило „Застава 125“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.П. (39) од Делчево, и патничко возило „Шкода“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од А.Л. (25) од Македонска Каменица.

Од судирот со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Застава 125“ и сопатникот И.Н.(40) од Делчево.

Тие биле препратени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Ѓ.С. (25) од Македонска Каменица се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Делчево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија