Според податоците од системот Мој термин одложени се 1.736 прегледи и интервенции, кои дополнително ќе бидат презакажани.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 мај, 2019 21:46

Тешко и горко на пациентите: „Поради папата се одложија 1.736 прегледи на Клинички”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На скопските клиники денес се пропуштаа само возила на Итна медицинска помош, поради безбедносните протоколи за време на посетата на папата Фрaнциск.

Денеска во официјална посета на Македонија, пристигна папата Франциск кој несвесно и покрај збрките кои ги направи помеѓу политичарите на аеродромот во Скопје, направи и хаос во болниците.

При посетата од папата Франциск во Македонија, за граѓаните беа достапни само Клиниката за детски болести и Клиниката за гинекологија и акушерство. Вработените беа на своите работни места, но се интервенираше само итни случаи. Закажаните прегледи и интервенции беа целосно одложени.
Според податоците од системот Мој термин одложени се 1.736 прегледи и интервенции, кои дополнително ќе бидат презакажани.

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“ д-р Христијан Костов изјави дека од вчера од 18 часот кога беше ставена забрана за влез во кругот на Скопските клиники до пладне биле прегледани 351 пациенти, а повеќе од половината биле во Ургентниот центар. 

„Хоспитализирани се 43 пациенти, а оперирани се 17. Нема некое драстично зголемување на број на пациенти, околу 30 отсто повеќе од вообичаеното“, вели д-р Костов.

Директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ д-р Иван Спировски вели дека согласно препораките и тие работат со зајакнати тимови.

Бројот на пациенти е незначително зголемен за 10 отсто“, вели д-р Спировски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...