Вчера во 14:20 часот на улица “Иво Лола Рибар” пред крстосница со улица “Поточка” мотоцикл “Кавасаки” без регистарски таблици управуван од Ф.Х. [ 24 ] од Тетово со место на живеење село Селце излетал од патот и удрил во жардињери.
Од ударот со повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Д.Х. [ 18 ] од село Слатино.
Таа со друго возило била пренесена во Клинички центар Тетово и по укажаната лекарска помош била задржана за понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.