ДУИ верни на Бушати дека ќе почекаат уставни измени па ќе ја активираат новата Тиранска платформа, БЕСА на Касами и Села сакаат тоа да се случи сега со нови амандмани

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 8:54

Тиранската платформа ќе ги почека претседателските избори?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По посетата на албанските политички партии, од страна на идеологот на Тиранската платформа, шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, извесно е дека нејзиното надополнување ќе се реализира откако ќе завршат уставните измени.

Имено и самиот Бушати, како брифираат од партиски извори, проценил дека во момент кога 2/3 мнозинство во парламентот е “тенко”, новите барања на албанците кои веќе се подготвени нема да одат во прилог на уставните измени. 

Бушати посочил дека предвремените парламентарни заедно претседателските избори се идеалното време за надградба на Тиранската платформа.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби нагласи дека ДУИ нема да бара Албанците во земјава да бидат впишани како државотворен народ, кога ќе се отвори Уставот заради преспанскиот договор. Сега било приоритет да се имплементираат барањата од договорот заради членство во НАТО и ЕУ.

Процесот на решавање на спорот името е од апсолутен приритет и најзначајниот процес од осамостојувањето до денес и нема да дозволиме за дневно политичко профитирање, било каков процес, да го загрози интегрирањето на Македонија во НАТО и ЕУ. Јас сум многу директен и храбар и знам дека ќе бидам дури и нападант од опозицијата па дури и од нвните поддржувачи, но јас како што реков преходно спремен сум било каков влог и личен политички – кариерен да вложам за да успее процесот. – вели Груби.

Но прашањето е до кога? Познато е дека СДСМ и ДУИ заговараат консензуален настап на претседателските избори.

Што значи дека приоритетите во Тиранската платформа тогаш ќе бидат ставени на маса. На пример законот за двојазичност, кој сега не живее заради тоа што не е аминуван од шефот на државата.

Во меѓувреме, остануваат барањата на двете опозициски албански партии БЕСА на Касами и Алијанса, предводена од Села, албанската заедница да биде рамноправна со Македонците, односно впишана како државотворна во Уставот.

Обезбедувањето на 2/3 од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност преку логички аргументи и конкретни предлози да се интервенира за појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти. – порача Касами.

Сопартиецот на Села, Таравари, изрази надеж дека „сите партии кои ја потпишале декларацијата (Тиранспата платформа) во јануари 2017 година ќе стојат на зборот и ќе го променат Уставот со цел и Албанците да ја почувствуваат оваа држава како своја“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.