Дечки, Супер сме сите, пресреќна сум. Ви благодарам што верувавте во мене. „Proud“ е песна за сите нас.

Објавил: admin@magazin | 17 мај, 2019 1:14

ТОДЕВСКА СО ПОРАКА ОД ИЗРАЕЛ: Ќе ве направам горди и во финалето- ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Тамара Тодевска вечерва со песната „Proud“ настапи во втората полуфинална вечер на 64-та по ред Евровизија, која се оджува во Тел Авив, Израел. Тодевска ја однесе Македонија во финалето, а веднаш потоа со емотивна порака се огласи на социјалните мрежи.

Република Македонија со Тамара Тодевска и песната “Proud” беше првата држава која што влезе во финалето на Евровизија, во вечерашниов дел на Евровизија.

Тамара Тодевска веднаш по соопштувањето дека Македонија се пласира во финале, напиша на социјалните мрежи дека е многу горда и дека ова е резултат на тимската работа. Таа вети дека Македонија ќе ја направи горда во сабота кога ќе се одржи финалето во Тел Авив.

Дечки, Супер сме сите, пресреќна сум. Ви благодарам што верувавте во мене. „Proud“ е песна за сите нас. Ова е резултат на тимската работа. Да се гордееме со себе и со луѓето околу нас. Фала ви на поддршката. Ве сакам. Ќе ве направам горди и во сабота!!!

❤️❤️❤️

Претставници од првата полуфинална вечер кои се пласираа во финалето на Евровизија 2019 година се Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.
Директно во финалето ќе се претстават Германија, Израел, Италија, Франција и Шпанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.