Срам за Македонија!

Објавил: admin@magazin | 18 март, 2021 7:33

Нова глупост на Гарванлиев: Со претставничката на Косово си покажуваат албански орел

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И орлиња знаел да лета дечково. Каде ти е дното да знам? Пак провокација до Македонците.

Докажа дека сме во право што те плукаме.
Ти остана да се сликаш уште со грчко знаме и свастика…

И гарант ќе победиш на Евровизија.
Ауууу, што би ти правел да сум власт во Македонија,напиша актерот Сашо Тасевски по провокацијата на македонскиот претставник на Евровизија Васил Гарванлиев каде покажувадвоглав орел заедно со претставничката на Косово. 

Голема прашина крена годинешното учество на земјава на Евровизија во Ротердам, Холандија, прво околу спорот на евровизиската песна „Here I stand“, а потоа и околу бугарскиот пасош што го поседува нашиот претставник Васил Гарванлиев.

На интернет е покрената и онлајн-петиција и се собираат потписи со кои ќе се побара Гарванлиев да не нè претставува на музичкиот натпревар.

„Поради серијата скандали, Гарванлиев е национален срам“,

пишува во петицијата на која досега се потпишале над 2 600 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести