Тодоров мисли дека е во суд, па побара да ги види доказите и да ги изложи своите ставови пред ОК на Карпош, споредувајќи ја одлуката со комунистичкиот режим и диктатура

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 14:30

Тодоров со притисок врз OK Карпош, “Обврска ви е да ме ислушате”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот министер и висок функционер во ВМРО – ДПМНЕ, Никола Тодоров, за кој на последниот ЦК беа дадени насоки да биде исклучен од партијата, упати порака до претседателот на ОК Карпош.

Во отворената порака постирана на социјалните мрежи, Тодовор бара да го повикаат на состанок за да може да ги предочи своите факти и докази, па дури потоа ОК да носи одлуки.

Тодоров преку Фејсбук се обрати до претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Карпош, Тони Јаревски.

Имам право на тоа. Ако барем малку верувате во четирите свети букви.

ВМРО е Демократска Партија за Македонско Национално Единство. Демократска! Ако е така, не само што јас имам право на тоа, туку вие имате обврска.

Имате обврска да ме ислушате, да ми ги предочите вашите факти и докази, но и да ги слушнете моите. Ова е темелно начело на правдата и еднаквоста и немате никакво право да ми го ускратите тоа.

Затоа барам да ме повикате на состанокот на ОК, да ми ги презентирате фактите и доказите против мене, да ги слушнете моите аргументи, и потоа да ја донесете одлуката.

Да те потсетам Тони, и во социјализмот/комунизмот постоеше и се применуваше ова правило во сите случаи освен кога стануваше збор за политички ликвидации и политички монтирани случаи. ВМРО се бореше против тоа и за жал и самото беше жртва на таквите политички ликвидации и конструкции.

Лошо и недозволиво е што и денес, во слободна, суверена, самостојна и демократска Македонија треба да се бориме против истото. Но не е тешко, ништо не е тешко кога се бориш за татковината, ќе се изборам.

Во очекување на позитивен одговор,

Те поздравувам

П.С. Го барам ова јавно, бидејќи се чуствувам слободен и бескрајно верувам во демократските принципи на кои се темели мојата партија. -напиша Тодоров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.