Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ на партиска трибина ја искоментира актуелната ситуација со пребегот на поранешниот премиер но и трагикомичното однесување на актуелниот, Заев

Објавил: Мартин Попоски | 18 ноември, 2018 5:58

Трагедија е што Заев ни е комедијантот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја искоментира театралноста околу бегствтото на поранешниот премиер Груевски но и комичното однесување на актуелниот премиер Заев.

Мицкоски на трибина во Гостивар истакна дека македонската јавност е сведок на еден театар којшто се случува веќе неколку дена, а во кој главниот комедијант е премиерот Зоран Заев.

Па македонската јавност е сведок на еден театар којшто се случува веќе неколку дена. Кога не би било трагично, би било смешно. Државава повеќе или помалку започна да наликува на едно реално шоу во кој што главен актер е претседателот на Владата на Република Македонија. Не вешто обидувајќи се да глуми комедијант,а на моменти да глуми некоја друга ролја во таа театарска претстава или тоа реално шоу. Така што навистина апелирам до Владата на Република Македонија, до претседателот на Владата конечно да се вразуми, да сфати дека е претседател на Владата на Република Македонија и илјадници животи зависат практично од неговото однесување затоа што сето ова што го прави не само што не ја води Македонија во добра насока туку напротив ја води во комплетно во погрешна насока. И ќе остави последици кои што мислам и стравувам и загрижен сум дека многу тешко генерации идните политичари ќе можат да ги санираат. – одговори Мицкоски на прашањето да ги коментира случувањата откако поранешниот премиер Никола Груевски побара политички азил во Унгарија.

Повтори дека веќе се изјаснил во врска со прашањето за бегството на Груевски во Будимпешта кога кажал дека не го оправдува но дека е јасно оти почесниот претседател на неговата партија е жртва на политички прогон, а притоа Мицкоски посочи и дека енергијата треба да се насочи кон постигнување успешни резултати, како за земјата, така и за сите нејзини граѓани.

Напишав статус на социјалните мрежи, на мојот Фејсбук профил, и би кажал и покрај фактот што и се уште стојам на фактот дека господинот Груевски, има и голем број други поранешни функционери но и сегашни (кои се жртви на политички прогон) следат и избори во рамките на Европската унија времето ни е уште пократко. Ашелирам да се седне да се отворат сите оние неопходни реформи коишто на крајот од денот ќе значат Македонија да успее. Бидејќи и тогаш кажав, еве и сега ќе повторам, немам фрустрации никакви и како човек и како политичар, пред се се грижам како граѓанин на оваа држава, за доброто на граѓаните на оваа држава затоа што на крајот од денот од тие реформи во напредокот на Македонија зависи дали граѓаните ќе живеат подобро, дали ќе имаат поквалитетен живот или ќе немаат. Ова што денеска се случува е комплетно спротивно на она што го зборувам, самобендисаноста на овие глумци во ова реално шоу и овој театар навистина не води во една погрешна насока, за жал. – рече Мицкоски.

Мицкоски притоа рече дека не може во момнетов да оцени и да одговори на прашањето која е целта на „театарот“ кој се игра во момнетов, и оти за тоа одговор треба да дадат „режисерот и глумците“ во него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.