Претседателот на САД по Русија и Турција, во економска војна и со Кина, воведува царински давачки од 10 проценти кои до крајот на годината ќе се искачат на фантастични 25 отсто

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 10:34

Трамп воведе царини од 10% за кинескиот увоз на стока од 200 милијарди долари

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на САД Доналд Трамп воведе царини од 10 проценти на дополнителен увоз на кинески стоки од 200 милијарди долари од 24-ти септември.

Царините првично ќе бидат 10 проценти, но ќе се зголемат до 25 проценти до крајот на годината, со што американските компании ќе добијат одредено време за да почнат да се снабдуваат со стока од други земји, вели владин претставник.

На листата со над 6.000 вида кинески стоки, предложен од службата на трговскиот претставник на САД, се вклучени широк спектар на електронски производи како и многу други производи, од мебел до чанти, правосмукалки, градежни материјали.

Во декларацијата, со која ги соопшти новите давачки, Трамп предупреди дека ако Кина преземе отворени активности против американската индустрија или против фармерите, “ние веднаш ќе воведеме третата фаза, царини на дополнителен увоз за 267 милијарди долари”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.