Американскиот претседател Доналд Трамп влезе во отворена кавга и со социјалните мрежи

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 11:38

Трамп ги предупреди Гугл, Фејсбук и Твитер да бидат повнимателни

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди американските интернет гиганти Гугл, Фејсбук и Твитер да бидат внимателни, објави Ројтерс. 

Претходно, тој ги обвини трите компании дека се политички пристрасни на неговата штета.

„Сметам дека Google се обидуваат да профитираат од луѓето, а тоа е доста сериозно. И сметам дека она што тие го прават, а и другите – погледнете само што се случува и со” Твитер “, и со” Фејсбук “- сите тие можат подобро да внимаваат . Бидејќи не може да предизвикуваат такво нешто кај луѓето. а и добиваме стотици поплаки. Затоа мислам дека ” Гугл”, “Твитер” и “Фејсбук” влегоа во многу, многу опасна територија и треба да внимаваат. Не е фер спрема голем дел од населението “, истакна Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Вчера тој го обвини Google за пристрасност против него и неговите приврзаници, како и дека фалсификува резултатите од интернет пребарувања во корист на левичарски медиуми, а социјалните мрежи дека дискриминираат конзервативно настроени корисници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести