Претседателот на САД со трагична изјава, додека руско турски договор ја спречи офанзивата на владините сили воспоставувајќи демилитаризираната зона меѓу нив и бунтовниците

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 7:02

Трамп немал поим дека Идлиб постои

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека никогаш не слушнал за бунтовничката сириска провинција Идлиб, на која и се закануваат сириските и руските сили.

Според него тој прав пат за се слушнал пред еден месец кога за Идлиб му кажала една жена на еден политички собир на неговите поддржувачи.

Според податоците на ОН, околу три милиони луѓе живеат во оваа област, вклучувајќи илјадници исламистички борци, и Обединетите нации со месеци предупредуваат за хуманитарна катастрофа ако дојде до офанзива од страна на владините сили.

Покраинатаа влезе во фокусот на меѓународните медиуми на почетокот од оваа година кога сириските бунтовници соборија над покраината руски борбен авион.

Минатонеделниот руско турски договор ја спречи офанзивата на владините сили воспоставувајќи демилитаризираната зона меѓу бунтовниците и сириските сили.

Говорејќи на прес конференција во Њујорк, Трамп се пофали дека токму тој ги принудил Русија, Иран и Сирија да се откажат од офанзивата, така што на твит од 4 септември предупредил дека ќе направат голема хуманитарна грешка ако учествуваат во таа можна човечка трагедија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести