Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека очекува "силни дискусии" на самитот за одбрана. Различните ставови се "нормални меѓу пријателите и сојузниците"

Објавил: Македонка Димкин | 10 јули, 2018 21:19

ТРАМП: “Постои НАТО, постои Британија (…) и постои Путин”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Непосредно пред самитот на НАТО, американскиот претседател Доналд Трамп еднаш повеќе предизвика иритација. Пред да замине за Брисел, тој изјави од сите состаноци што следуваат неделава со рускиот претседател Владимир Путин ” ќе биде најлесно.” Во исто време тој повторно ги критизираше европските сојузници за пренискиот буџет посветен за одбраната . Трамп особено  ја критизираше Германија посебно во овој момент откако новите бројки на НАТО во 2018 година не се движат баш напред.

Трамп  утре и четврток на самитот на НАТО во Брисел а во петок оди во посета на Велика Британија  во понеделникот на пргорамата е првата историска средба со Путин во финскиот главен град Хелсинки.

“Постои НАТО, постои Британија (…) и постои Путин”, рече Трамп во Вашингтон. “Искрено, Путин би можел да биде најлесниот – кој би помислил на тоа?”
Кратко пред тоа, тој на Твитер повторно го потврди своето барање за повисоки трошоци за одбраната од страна на Европејците. “Земјите од НАТО мора да платат ПОВЕЌЕ, САД мора да плаќаат помалку”, НЕ Е ФЕР.

Тој повторно го поврза ова со критиките за големата разлика на дефицит на извозот на ЕУ во трговијата со САД. Европејците побараа “високи тарифи” од САД, напиша тој. “Ние губиме 151 милијарда долари во трговијата со Европската унија”.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека очекува “силни дискусии” на самитот за одбрана. Различните ставови се “нормални меѓу пријателите и сојузниците”. Тој е убеден дека “се согласуваат со основите” и дека “Северна Америка и Европа стојат заедно”.
Сепак, НАТО, во вторникот предизвика нови причини за критиките на Трамп.
Според првичните процени за трошоците за одбрана во оваа година, само пет од 29-те земји-членки ја исполнуваат на целта на НАТО да издвојат два отсто од економското производство: Покрај САД со 3,5 отсто се Грција (2,27 проценти ), (Естонија 2 ,14 проценти), Обединетото Кралство (2.10 проценти) и Летонија со (2.0 проценти).

Квотата на Германија во НАТО остана на 1,24 проценти, како и во претходната година. Според бројките на НАТО, кои се разликуваат од националната статистика, германското трошење се зголемува за 1,5 милијарди евра на 41,91 милијарди евра. Сепак, поради истовременото зголемување на германското економско производство, ова не влијаеше на процентот на НАТО.
Сепак, Столтенберг истакна дека бројките може да се сменат до крајот на годината. Затоа цврсто очекува дека во 2018 година, осум земји ќе создадат два проценти. Покрај тоа, ќе дојдат Полска, Литванија и Романија, кои според првата проценка се наоѓаат само подолу.
Командантот за одбрана на Бундестагот, Ханс-Петер Бартелс, го бранеше износот на германскиот трошок. Ангела Меркел до 2024 година го одобри растот на буџетот од 1,5 отсто и рече дека е тоа реална цел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.