По скандалот за наводно мешање на Русија во претседателските избори во САД, претседателот Доналд Трамп со обвинување до Кина за мешање во изборите за Конгесот на САД

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 9:43

Трамп ја обвини Кина за мешање во изборите во американскиот Конгрес

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По скандалот за наводно мешање на Русија во претседателските избори во САД, претседателот Доналд Трамп со обвинување до Кина за мешање во изборите за Конгесот.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој заседаваше со седницата во Советот за безбедност во ОН, во својот воведен говор ја обвини Кина дека се обидува да се меша во изборите во американскиот Конгрес кои се најавени за 6 ноември.

Трамп не даде никакви докази за овие тврдења, но рече дека Пекинг работи на тоа Републиканската Партија да не победи во Конгресот, а причината е неговиот тврд став во трговската војна која ја започна, воведувајќи високи царини за увозот на кинеските производи.

Трамп смета дека Кина се обидува политички да го уништи.

За жал, дознавме дека Кина се обидува да се меша во претстојните избори, во ноември, против мојата администрација. Не сакаат ниту јас, ниту ние да победиме зашто сум првиот претседател кој некогаш ја предизвикал Кина во трговијата и водиме во трговијата. Победуваме на секое ниво. Не сакаме да влијаат или да се мешаат во нашите претстојни избори. – предупреди Трамп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести