Пред неколку часа Албанија ја погодија серија земјотреси кои истотака беа почувстувани во Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 1 јуни, 2019 10:15

Трет силен земјотрес по ред ја тресе Албанија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Тлото во Албанија не се смирува. Пред само неколку минути нов најсилен земјотрес утрово ја погоди Албанија. Овој земјотрес е почувствуван и во Македонија. 

На југот на Албанија утрово се почувствуваа серија силни земјотреси. Земјата почна да се тресе утрово во 6 и 35 по локално време.

Првиот земјотрес бил со јачина од 4.9 по Рихтеровата скала. Потоа за десетина минути подоцна следеше втор по јак земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер.

Се уште неколку мали потреси се чувствуваат, а последниот е 4.4 степени по Рихтеровата скала. Нема информации за евентуални штети и повредени во овој дел на Албанија. Земјотресот бил исто така почувствуван и во пограничните села околу Преспа на Македонска територија, и во центарот на Струга каде што поради паника населението е на улици.

Предели кои се најподложни на земјотреси се вулканските огнени прстени и областите околу младите верижни планини. Во Македонија најтрусно подрачје е Вардарската долина. Според статистиката, 8% од сите земјотреси во Европа се случуваат на територијата на Република Македонија.

Земјотресот се шири во бранови. Според брзината на ширење, се делат на лонгитудни или примарни и трансверзални или секундарни слики. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести