Полицајците кои приватно го фотографираа поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, добија по три месечна условна казна, за споделување на фотографиите по социјалните мрежи

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 11:31

Три месеци условна казна за полицајците кои го фотографираа Чавков во Идризово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Условни казни затвор од три месеци добија двајца полицајци за неовластено фотографирање и објавување на фотографијата од ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков во затворот во Идризово.

Предусите се потврдени и од Кривичниот Суд во Скопје.

Обвинителството поднесе казнени налози за двајца обвинети.

Донесена е неправосилна првостепена пресуда, со која двајцата обвинети се огласени за виновни за кривичното дело Неовластено снимање од член 152 с. 2 в.в. ст.1 од К3 и им се опреледува алтернативна мерка – условна осуда во траење од 3 месеци затвор, кој нема да се реализира, доколку во следните 2 години не сторат друго кривично дело. – соопштуваат од Судот.

На 30-ти ноември 2017-та година првообвинетиот како службено лице што било на стражарска кула го забележал Чавков, па искористил поволен момент и преку прозорското стакло без негова согласност, го фотографирал, повредувајќи му ја приватноста.

Според Обвинителството, првообвинетиот во приватна порака преку социјалните мрежи им ги испратил фотографиите на тројца колеги, меѓу кои и второобвинетиот, кој понатаму фотографијата ја споделил и со уште двајца униформирани полициски служебници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.