Полицијата информира дека сеуште немаат точни информации за причината на несреќата но и дека во животна опасност се уште тројца тешко повредени

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 8:45

Турција: Во судир на минибус и камион загинаа седум лица, 19 се тешко повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тешка сообраќајка во Турција со трагичен епилог. Во судир на минибус и камион загинаа седум лица, 19 се тешко повредени.

Најмалку  седум лица загинаа, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа која се случила на југот на Турција.

На патот во дистриктот Огузели дошло до директен судир на камион и минибус. Возилото превезувало земјоделски работници кон полињата во Килис.

Од полицијата соопштиле дека на местото на несреќата загинале четири лица, а повредени биле 22 лица.

Во болница починале уште тројца повредени, а меѓу останатите 19 животно загрозувачки повреди имаат тројца.

Меѓу загинатите се и двајцата возачи, а истрагата за причината за несреќата е во тек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести