Турција по партнерството со Русија се повеќе е одлучна да стави крај на "некоректните" односи со САД и Грција

Објавил: Мартин Попоски | 22 август, 2018 14:24

Турција ја обвини Грција за поддршка на учесници во обидот за државен удар 2016-та година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турција ја обвини Грција за поддршка на учесници во обидот за преврат од 2016-та година по одлуката на Државниот совет (висок административен суд на Грција) за обезбедување азил за турски војници наведе Омер Челик портпарол на Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

“Сосема е очигледно дека со одлуката судските власти во Грција ја заземаа страната на непријателите на Турција. Таа јасно укажува дека правдата е оставена настрана и се користи за друга цел.” – напиша на Твитер Омер Челик.

Тој додаде дека Турција ќе ја продолжи одлучната борба против тероризмот и дека нема да ги заборави оние што им даваат оружје на терористите и ги штитат со судски одлуки.

Односите меѓу Атина и Анкара се затегнаа по одбивањето на грчкото судство да ги екстрадира осумте турски војници пребегани со хеликоптер во Грција по обидот за државен удар во јули 2016-та година. Војниците се обвинети од Анкара дека учествувале во обидот за преврат а тие ја негираат вмешаноста и побараа азил во Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.