Во координирана полициска акција под кодно име "Око" во 16 градови уапсени 16 лица кои нелегално вршеле трговија со оружје

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 7:27

Уапсени 16 лица на Косово за нелегална трговија со оружје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Косовската полиција во денешната акција со кодно име „Око“, спроведена во Приштина, Гњилане и Урошевац, уапси 16 лица осомничени за нелегална трговија со оружје.

– Управата за борба против организиран криминал, во соработка со Државното обвинителство, спроведе интензивна истрага, со цел расветлување на криминалните дејствија на неколкумина осомничени кои се занимаваа со кривични дела на шверц со оружје, се вели во полициското соопштение.

Акцијата со кодно име „Око“, изведена на 16 локации во трите града, резултира со апсење на 16 лица и заплена на повеќе парчиња оружје и муниција, како и парични средства и друг доказен материјал.

– Во акцијата се запленети материјални докази: 19.000 евра готови пари, 3 парчиња долго оружје, 17 парчиња кратко оружје, 2.850 куршуми од различен калибар, 20 шаржери, 1 бугарски пасош, 3 телефони, други документи потребни за натамошна судска процедура. Осомничените лица, со налог на обвинител, се притворени, се вели во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.