Во Косовската Агенција за разузнавање денес убиство на вработен, по што напаѓачот, инаку член на агенциското обезбедување, чии мотиви не се познати, е уапсен

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 13:31

Убиениот во Агенцијата за разузнавање на Косово работел во бифето – убиецот уапсен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинителот на приштинското Основно обвинителство Ибрахим Бериша потврди дека осомничениот за убиството што се случи претпладнево во Агенцијата за разузнавање на Косово (АКИ) е уапсен.

– Се случи денеска, лицето кое беше рането почина. Имаме еден осомничен кој е уапсен, а кој се наоѓаше на местото на настанот, изјави обвинителот за приштинските медиуми.

Неофицијално се дознава дека осомничен за убиството е 40-годишниот Ваљон Ибердемај, член на агенциското обезбедување.

Со соопштение до повод убиството се огласи и АКИ, кое информира дека жртвата бил вработен во бифето на Агенцијата и им подлегнал на раните во приштинската болница.

– Денеска, на 04.09.2018, околу 09:10 часот, во објектот на Агенцијата за разузнавање на Косово се случи пукање со огнено оружје, при што службеник во внатрешното обезбедување пукаше во вработен во бифето, кој почина во Универзитетскиот клинички центар на Косово, соопшти АКИ.

Во соопштението се нагласува дека случајот не е поврзан со активностите на Агенцијата за разузнавање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.