Спасов во образложението е пуштен на домашно лекување

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 јули, 2018 12:48

Убиецот на Нешкоски пуштен од затвор

Фото/Текст извор: ©НетПрес

Убиецот на Мартин Нешкоски – специјалецот Игор Спасов кој во 2012 година беше осуден на казна затвор од 14 години излегол од затворот во Идризово и во моментов се наоѓа во својот дом во Штип.

По само 6 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски – Спасов е пуштен од затвор под неразбирливо образложение дека има потреба од домашно лекување. Засега официјалните институции се недостапни за понатамошни објаснувања во врска со овој случај. Нејасно е зошто доколку имало потреба од лекување не се користи арестанското медицинско оделение туку Спасов веќе се наоѓа во својот дом во Штип.

Инаку Игор Спасов минатата година оствари и средба и се ракуваше со премиерот Зоран Заев кој го посети затворот Идризово. Во меѓувреме Владата донесе и одлука за амнестија со која повеќе од 800 осудени криминалци и сторители на кривични дела добија едлумно или целосно ослободување од затворските казни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија