Непосредно, пред кафуле настанала тепачка меѓу мигранти, а потоа еден од мигрантите со нож го нападнал другиот во градите.

Објавил: admin@magazin | 6 јуни, 2019 10:05

УБИСТВО ВО БЕЛГРАД: На улица со нож убиено 20 годишно момче!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што пренесува курир.рс во центарот на Белград е убиен мигрант од Авганистан на возраст од околу 20 години.

Убиено е 20 годишно момче од Авганистан, во центарот на Белград. Непосредно, пред кафуле настанала тепачка меѓу мигранти, а потоа еден од мигрантите  со нож го нападнал другиот во градите. Како што известува Курир, настраданиот Авганистанец бил идентификуван како Камран Кан, кој бил убиен „по куса кавга со друг мигрант“на улицата Краѓорѓева.

Српската полиција веднаш се појавила на местото на несреќата. Убиеното момче било прободено со нож во градите, а белградската полиција го уапси 17-годишникот заради сомневање дека го извршил тешко кривичното дело. Исто така полицијата идентификувала втор осомничен за убиството но тој се уште не е достапен за полицијата и се трага по него.

Против осомничениот за убиство на момчето, ќе биде покрената кривична пријава, по што ќе биде изведен пред судија за малолетници во Белград.

Убиениот мигрант во Србија дошол од Авганистан пред две години, а во главниот град се наоѓал веќе подолго време.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...