Властите на украинскиот регион Лавов усвоија регулатива со која во областа се забрануваат книги, филмови и песни на руски јазик

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 7:40

Украина со забрана за руски книги

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Властите на украинскиот регион Лавов усвоија регулатива со која во областа се забрануваат книги, филмови и песни на руски јазик.

Законодавниот дом изгласа “да се наметне мораториум на јавното изведување и употреба на содржини на руски јазик” додека Русија не ги повлече сите свои трупи од Украина, пренесе Вашингтон пост.

Не е познато како забраната ќе биде спроведена.

Русија го анектираше Крим во 2014 година и ги поддржа бунтовниците на истокот на земјата. Сепаратистичкото движење во голем дел било водено од стравувањата дека новата украинска влада ќе ги дискриминира руските говорници.

Лавов е најголемиот град во западна Украина, и иако поголемиот дел од населението во областа зборува украински, рускиот исто така широко се користи. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.