Интервју на Слободан Унковски на ТВ Телма

Објавил: admin@magazin | 4 јуни, 2018 16:56

Унковски : Не гледам драматичен исчекор напред во културата

Фото/Текст извор: ©Телевизија Телма

 

Сеуште не гледам драматичен исчекор во културата и во другите области, што е потребен, за кој ние, учесниците во Шарената револуција бевме спремни, вели Слободан Унковски во интервју за Телма, по повод гостувањето во МНТ на Југословенско драмско позориште од Белград , со претставата во негова режија „ Ајнштајновите соништа“. На прашањето за давањето на ресорот Култура од премиерот Заев на партија Беса, со реконструкцијата на владата, Унковски одговара дека очекувал ресорот да има подолгорочна стабилност , а зборува и за претставата „ Ајнштајновите соништа“, која последниве години ја постави на две сцени.

„Не гледам уште драматичен исчекор во културата, што некако е потребен. Меѓутоа него го нема ни во другите области, во драматична форма, на која ние што учествувавме во таа револуција, некако бевме спремни. Меѓутоа изгледа дека е време прво да се решат некои други прашања што се посуштински, па понатаму веројатно ќе дојдат и овие на ред. Некако мислев дека е потребно културата да се пресврти, да се направи голем пресврт во културата. Да се отворат нови теми, нови кадри, нови луѓе да добијат шанса да работат. Гледам со интерес и со внимание, што ќе се случи понатаму и се надевам дека оваа власт ќе има предвид, ќе се потсети на тоа колку културата е важна за идентитетот, за смислата на овој народ, на оваа цивилизација тука. Колку е важно тоа културно издигање на граѓанинот за сите негови постапки, од политика до шетање по улица.“

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.