Вчера адвокатите на Никола Груевски поднеле жалба до кривичниот совет за одложување на издржувањето на затворската казна

Објавил: Перо Милчин | 6 ноември, 2018 17:54

Упатено барење до Кривичнен совет од Никола Груевски за одложување на казната затвор

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

За случајот со набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, каде е осуден Никола Груевски на казна затвор од две години, неговиот адвокатски тим вчера поднел жалба за оложување на издржувањето на казната. 

Претходно одбраната на експремиерот по одлуката на Апелацискиот суд со која се потврди одлуката на Кривичниот суд, поднесе жалба за одложување на затворската казна која беше одбиена од страна на судијата одреден за извршување на санкција.

За овој случај утре треба да заседава и Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања чиј претседател е Павле Богоевски. Оваа комисија може да предложи да се одземе мандатот или имунитетот на пратеник. Потоа препораката од Комисијата се доставува до Собранието. 

За одземање на мандатот потребно е двотретинско мнозинство, кое е тешко достижно со оглед на тоа што 8-те пратеници од новата пратеничка група, соопштија дека нема да поддржат таква одлука.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.