Се работи за продажба за земјоделско земјиште во Делчево, а во истрага во оваа фаза се вклучени неколку државни институции.

Објавил: Мате Парлоф | 18 ноември, 2021 5:19

УПРАВИТЕЛОТ НА ЕВН МАКЕДОНИЈА ЕЛЕКТРАНИ ОСОМНИЧЕН ЗА ПРЕПРОДАЖБА НА ПАРЦЕЛИ ВО ДЕЛЧЕВО

Фото/Текст извор: ©магазин

Во истрагата за ЕВН поради која минатата недела се правеа претреси по домови на лица во Скопје и Делчево, како што објави „А1он“, главен осомничен е управителот на „ЕВН Македонија Електрани“ Игор Гиевски.

Се работи за продажба за земјоделско земјиште во Делчево, а во истрага во оваа фаза се вклучени неколку државни институции.

Од „А1он“ посочуваат дека Гиевски заедно со уште петмина, од кои тројца се физички лица, а двајца вработени во ЕВН, земјиште кое прикажале дека го добиле како подарок, неколку дена потоа, го продале за 1,5 милиони евра на ЕВН.

Гиевски не ја коментирал истрагата.  – Не би коментирал сега ништо, рекол Гиевски на прашањето од „А1он“ дали и кај него е направен претрес, по што додал дека „за се друго што ве интересира имаме официјален портпарол. Нема таква информација, се што е дојдено е преку фирмата, така што, немам што да ви додадам“.

Портпаролката на ЕВН Ленче Карпузовска рече дека не коментираат, дека има истрага и соработуваат со Финансиската полиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.