Тие компании кои злоупотребувале средства од првите четири сета на економски мерки, нема да добијат веќе помош од страна на државата.”

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 февруари, 2021 10:35

Бектеши: Компаниите кои ја злоупотребиле државната помош нема да може да аплицираат за нова мерка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Компаниите кои веќе ја злоупотребиле финансиската помош од Владата, нема да имаат можност за да аплицираат за нова мерка, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата Вин Вин на Телма Телевизија!

„Тие компании кои злоупотребувале средства од првите четири сета на економски мерки, нема да добијат веќе помош од страна на државата.

Треба да се постават критериуми во делот на аплицирање на мерките со што, компаниите кои се објавени од страна на Управата за јавни приходи нема да можат да аплицираат за дополнителни мерки“ кажа министерот Бектеши во гоствањето на Телма.

Како што потенцираше министерот доколку треба нивните вработени ќе ги згрижи Владата директно, како што најави и директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска денеска со блокирање на нивните сметки и со префрлување на средствата директно на вработените во тие компании.

Поднесени се кривични пријави до сите вработени кои што не ги исплатиле платите за вработените за кои што добиле финансиска помош“ кажа министерот Бектеши.
Министерот потенцираше дека по последните консултации со стопанските комори Петтиот сет на мерки ќе биде објавен во текот на следната недела.

“Во текот на наредните денови до понеделник ќе имаме дополнително состанок со стопанските комори и со синдикатите. Ќе ги разгледаме уште еднаш нивните коментари на нашите предлози кои се донесени во консултација со различни засегнати страни. Очекуваме дека мерките од петтиот пакет, како и претходните ќе ги дадат очекуваните резултати и ќе бидат насочени кон поддршка на граѓаните и на компаниите“ кажа министерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...