Многу ми е жал што луѓето кои не веруваат дека вирусот постои, само поради тоа што не можат да го видат со голо око..

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јуни, 2020 23:06

Уредникот на Канал 5 кој беше заболен од Ковид-19: Скептиците нека ми објаснат дека нема корона и од што почина татко ми!

Фото/Текст извор: ©дојче веле

Кој може мене, на сестра ми и мајка ми, да ни објасни од што почина татко ми, ако „нема корона“? Луѓе веруваат оти вирусот не постои, само затоа што не можат да го видат со голо око, вели новинарот Михајлоски за Дојче Веле.

Уредникот на Канал 5 беше хоспитализиран во 8ми септември, а со вирусот се заразил додека бил во посета на своето семејство во Прилеп. Гоце успеа да го победи коронавирусот, но за жал неговиот татко почина од Ковид-19.

„Искуството на моето семејство покажа дека вирусот е како руски рулет. Кога ќе влезе во еден дом, не можеш да предвидиш кого и колку ќе повреди. Некој може да помине со лесно, како што беше случајот со мајка ми и сестра ми. Некој може да заврши во болница, како јас, а некој и трагично, како татко ми. Не му посакувам на никого на своја кожа да се увери дека, не само што вирусот постои, туку и дека е крајно непредвидлив и може буквално да убие за неколку дена. Таков беше случајот со татко ми. Тој беше сосема здрав и силен човек на 63 години, а почина единствено како последица на страшното воспаление кое неверојатно брзо му ги уништи белите дробови“.

„Кој може мене, на сестра ми и на мајка ми, да ни објасни од што почина татко ми, ако ‘нема корона’? Многу ми е жал што луѓето кои не веруваат дека вирусот постои, само поради тоа што не можат да го видат со голо око, не ги почитуваат препораките и на таков начин прво го ризикуваат својот и животот на своите најблиски, а потоа и животот на пошироката заедница. Очигледно тоа е дел од нашиот менталитет, а оваа криза покажа дека тука нема разлика во етничката и верската припадност“, оценува Михајлоски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести