Тасевски претходно посвети и два статуси на својот Фејсбук профил, токму за оваа случка.

Објавил: admin@magazin | 12 јули, 2019 23:29

УРНЕБЕСНО: Актерот Сашо Тасевски испеа песна за Пендаровски и Борисов

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот актер Сашо Тасевски повторно удри по власта, овој пат по средбата на претседателот Пендаровски со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Тасевски претходно посвети и два статуси на својот Фејсбук профил, токму за оваа случка.

На Бојко Борисов да му речеш ЉУБАВИ… Па уште на српски. Боже Господе, Мајко Богородице! Тој да се појавеше у Кум, сите ќе избегаа. Со него Палп Фикшн ќе траеше две минути. Да има нешто нежничко на него, па да кажеш љубави, ај некако. Ама чоекон ко пит бул е, ноќе да не го сретнеш у влез, на корида да го пуштат еден бик нема да куртули… Или можеби овие елегантните мужи ко Стево другачие ги доживуваат џбитаците ко Бојко. Психологија ли е, хемија ли е? Или физичко со музичко комбинирано. Она, да ти го свирам, ќе направиш колут напред. Не знам. Немам одговор.

Сашо Тасевски во 1995 година дипломирал на катедрата за актерска игра на Факултет за драмски уметности – Скопје. Во 1998 година се вработил како глумец во Драмски театар во Скопје, каде остварил преку педесет театарски ролји во матичниот и други театри низ државава, но и како соработник со други театарски институции и проекти.

“Нашиов претседател му се обраќа на Борисов со ЉУБАВИ. Пред камери. Не е монтажа така?
Добро бе, што прават водачиве балкански ко ќе се исклучат камерите, знае некој? Одат под туш заедно? Што е штосов?
Глејте колку сме блиски. ОПУШЕНО. Make love, not war.
До таму стигна дипломатската комуникација. Фупе Фупе… Резултат од лгбт ренесансата или чисто лицемерие, глумење финоќа мекоќа и глупоќа.
Замислете порано Тито да му кажел ЧАО ЉУБАВИ на Тодор Живков или на Кенеди.
Што сте бе вие? Претседатели на држава или теткици? Немојте љубави на БОЈКО, оти стварно ќе ве обљуби. Како бикче е, ќе ви се качи.

Веднаш потоа Тасевски објави и песна испеана за Пендаровски и Борисов, а видеото го сподели на својот Фејсбук профил, погледнете….

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.