Утре поради технички зафати без струја и делови од четири скопски општини

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 9:42

Утре без струја делови од Илинден – Студеничани – Центар и Бутел

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општина Бутел – Илинден – Центар и Студеничани.

Од 07:50 до 11:30 без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од Визбеговово – општина  Бутел.

Oд 08:00 до 10:00 часот фирмите “Гама Инвест” – “Рио Кафе” и “Дени Интернационал” во општина Илинден додека од 09:00 до 14:00 часот објектите во близина на “Школката” во Градскот Парк – тенискиот терен “Југ” и “Езерце” во општина Центар и од 08:30 до 15:00 часот дел од ул. 3-та во село Студеничани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести