Порталот информираше дека протестот е закажан за во 13 часот, од плоштадот Скендербег во Скопје и ќе трае до судот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2019 18:56

Утре во Скопје закажан протест за Диво Насеље

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што објави албанскиот портал Шења, утре во Скопје по повод  9-ти мај, денот на борбите во кумановското „Диво Насеље”, ќе се организира протест под мотото „Против двојни стандарди и против дискриминација и сегрегација на Албанците” .

 Протестот е организиран од Здружението за политички затвореници, заедно со Советот на семејства на лица кои се затворени со строги казни, вклучувајќи ја и групата “Диво Насеље, бели Шпетим Положани,.

Порталот информираше дека протестот е закажан за во 13 часот, од плоштадот Скендербег во Скопје и ќе трае до судот.


Убиени биле следниве припадници на специјалните единици на македонската полиција: Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетовско, Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостиварско, Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетовско Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопско, Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар, Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје, Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје, Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје. На страната на терористите, на лице место биле пронајдени 14 мртви тела во униформи.

 

За потсетување, вооружената престрелка во Куманово, односно полициската акција за разбивање на вооружена терористичка група, започна на 9мај  2015 година во Куманово. Полициската акција се одвиваше во кумановската населба „Диво насеље“, дел од градската месна заедница „Тоде Мендол“, во близина на автопатот Е75.

Акцијата започна рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сѐ до 10:00 часот во неделата на 10 мај. Акцијата заврши со победа на македонските специјални сили и целосно неутрализирање и елиминирање на терористичката група, која дел ѝ се предале на македонските власти во текот на вечерта во саботата на 9 мај.

Настаните во Куманово се случиле во период на сериозна политичка криза во Македонија и во период кога, од 5 мај, започнаа антивладини протести.

Според сомненијата, како што изјави тогашниот портпарол на Министерството за внатрешни работи, Иво Котески, истакнати членови на групата се претпоставува дека биле: Мухамед Красниќи т.н. Малишева, Мирсад Ндрецај т.н. командант Нато, Сами Укшини т.н. командант Соколи, Бег Ризај алијас командант Бегу и Дем Шеху, алијас Јунику, сите косовски државјани.

Од страна на македонските безбедносни сили во престрелката кај Диво Насеље загинаа осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени дури 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.