Жените посебно го празнуваат денот на Огнена Марија, па на овој ден домашните работи се сведени на минимун. Задолжително е одењето во црква и молитва пред иконата на Свети великомаченичка Марина.

Објавил: Весна Петровска | 29 јули, 2019 21:31

УТРЕ Е ОГНЕНА МАРИЈА -НА ОВОЈ СВЕТ ДЕН ГОРИ И НЕБОТО И ЗЕМЈАТА – еве што не смеете да правите

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Утре православните верници , ќе го одбележат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Огнена Марија – ден кога сите добиваат според своите заслуги

Ако на денот на Огнена Марија, светкаат молњи и се слушаат грмотевици, тоа се смета за лош знак и голема казна. Се смета дека оваа светителка добро знае кој е грешен, па тој ден сите добиваат сите по заслуга.

Жените посебно го празнуваат денот на Огнена Марија, па на овој ден домашните работи се сведени на минимун. Задолжително е одењето во црква и молитва пред иконата на Свети великомаченичка Марина.

Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи.

Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.