Денеска претставници на синдикалците имаа средба за да се организира штрајк. Наспроти просветните работници, Министерот за образование Арбер Адеми вели дека штрајкот е непотребен. Адеми истакна дека од минатата година, покачувањето на платата надминало 10% и дека следува и друго покачување, што според него, ќе ги исполни барањата на наставниците.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 август, 2019 9:49

Учебната година нема да започне на 2 септември?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новата учебна година нема да започне на 2 ри септември, поради најава на штрајк на синдикатот на работниците во образованието. Просветните работници најавија штрајк кој ќе трае сè додека Владата не го прифати барањето за зголемување на платите.

Кој е Адеми- Тој е професор на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово. Од 2016 до 2017 бил заменик-претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања. Бил член на повеќе работни групи за изготвување повеќе закони. Во неговото CV нема цертификат за водење на ловечки ресурси или менаџмент

Денеска претставници на синдикалците имаа средба за да се организира штрајк. Наспроти просветните работници, Министерот за образование Арбер Адеми вели дека штрајкот е непотребен. Адеми истакна дека од минатата година, покачувањето на платата надминало 10% и дека следува и друго покачување, што според него, ќе ги исполни барањата на наставниците.

Штрајк се организира тогаш кога нема решение. Ние нудиме решенија, 5% во 2018 година, 5% во 2019 година и ќе има уште едно зголемување на платите во образованието. Но, колку долго ќе трае и кога, не можам да кажам сега затоа што не ги разгледавме сите параметри, сè уште немаме јасна слика. Од обврските што ги преземавме како држава, за следната година кога податоците ќе бидат појасни, тогаш ќе излеземе пред јавноста и ќе кажеме колку ќе биде зголемувањето на платите, изјави Арбер Адеми, министер за образование и наука.

Разговорите меѓу синдикатот и министерството се одржаа во петокот, но немаше конкретни резултати. Нема најави ниту за нови преговори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести